Конечна пресуда: Бил Козби е виновен за силување

Некогаш миленик на ТВ публиката, а денес прогласен за „сексуално насилен предатор“ – Бил Козби денеска беше осуден на затворска казна од три до десет години по обвинение за сексуален напад што го извршил во 2004 година.

Судијата Стивен О’Нил побара Козби да биде категоризиран како „сексуално насилен предатор“, што значи дека ќе биде внесен во националниот регистар на сексуални престапници и дека соседството, детските центри и училиштата ќе бидат специјално известувани кога тој е присутен во областа. Исто така, Козби ќе треба да оди на психолошко советување до крајот на животот.

По читањето на пресудата, Козби не сакаше да даде изјава пред судот.

Актерот е осуден по обвинение за дрогирање и силување на Андреа Констанд во 2004 година.

Одбраната пред изрекувањето на пресудата побара од судот да размисли за категоријата „сексуално насилен предатор“ и како аргумент го приложи фактот дека актерот има 81 година и е речиси слеп.

“Господине Козби, вие сте го зеле нејзиниот прекрасен, здрав, млад дух и сте го уништиле“, му рече судијата на актерот.

Одбраната побара отслужување на казната во домашен притвор.

Треба да знаете
Последни објави