Полицијата уапсила скопјанец осомничен дека препродавал дрога на локални зависници, информираше МВР. Станува збор за Ќ.Ј.(52) против кого е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На осомничениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
На 24.09.2018 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по преземени мерки извршен е претрес во дом лоциран на улица Лазар Танев во Скопје, сопственост на пријавениот, каде истиот престојува заедно со неговиот 28 годишен внук. При извршениот претрес пронајдени се 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол, велат од МВР.