Направете вкусен баклава колач.
СОСТОЈКИ:
4 јајца
2 шолји шеќер
1 шолја масло
1 шолја млеко
1 шолја гриз
1 шолја брашно
1 лажиче прашок за пециво
2 шолји мелени ореви
ШЕРБЕТ:
500 мл. вода
2 шолји шеќер
2 ванили
ПОДГОТОВКА:
Се матат со жица јајцата и шеќерот, се додаваат сите состојки, освен оние за сируп.
Се меша, смесата е ретка, но не треба да ве загрижува тоа.
Се става во плех со масло и се пече на 180 степени.
Се сече и лади.
Се спрема шербетот и се прелива колачот.