Дури и ако не сте љубител на кафе, кога ќе дознаете што тоа може да направи за вашиот изглед, би можеле набргу да го промените мислењето.
Во прилог прочитајте за три примери, поврзани со тоа како кафето може да се искористи за нега на лицето, косата и телото.
1. Кафе за нега на лицето
Кафето е преполно со антиоксиданси и е одличен партнер во борбата против акните, односно ја штити кожата од штетата која ја предизвикуваат слободните радикали, загадениот воздух, цигарите и алкохолот.
2. Кафе за нега на косата
Поради кафето вашата коса ќе биде сјајна и глатка, а ако со кофеин го масирате темето на косата, тоа ќе помогне во стимулација на фоликулите во косата и на тој начин ќе се забрза нејзиниот раст.
Подгответе сами: Згответе една шолја силно кафе и во неа додајте половина шолја вода. Оставете го да се олади, па со течноста масирајте го темето, па потоа косата завиткајте ја со пластична кеса. Оставете ја така околу 20 минути, па потоа измијте ја косата со ладна вода.
3. Кафе за нега на телото
Кафето може да ви помогне и при нега на кожата на вашето тело. Поради тоа потребно е со кофеин да го намачкате телото, па на тој начин вашата кожа нема да го загуби потребниот сјај, а кофеинот ќе направи и целулитот да биде помалку видлив.