Со средства од Европската Унија заштита од поплави на населението во општина Карбинци
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во општина Карбинци учествуваше на завршната манифестација на проектот за заштита на населението и превенција од поплави. Проектот е реализиран со средства од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија., во партнерство меѓу општините Карбинци и Струмјани.
– Во имплементацијата на проектите од програмите за прекугранична соработка што Република Македонија ги спроведува со своите соседи, финансирани од Европската Унија, се вклучени над 200 партнери, а придобивките ги чувствуваат сите граѓани. Тоа значи постојана комуникација, заедно утврдување на приоритетите, заедничко решавање на проблемите, споделување на европски вредности, градење на партнерства и пријателства, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
Во рамките на овој проект во вредност од 178 илјади евра само за општина Карбинци, се изградени заштитни sидови на коритото на Козјачка река и се обезбедени услови за негово редовно чистење и одржување, со што општината ќе се заштити од поплавите кои што беа закана за жителите и за нивните имоти.