Пожар на три локации во село Горно Количани

Во атерот на село Горно Количани, на место викано „Липовци“, во текот на вчерашниот ден бил забележан пожар на три локации каде била опожарена сува трева, ниска дабова шума и смрека, при што била зафатена површина од околу пет хектари.

Пожарот бил пријавен околу 21 часот во полициската станица во Драчево, по што веднаш биле испратени екипи на противпожарната бригада.

Како што соопштија од МВР, околу еден час подоцна пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Треба да знаете
Последни објави