Бојкотирачите организираат собир, сообраќајот околу Собрание ќе се пренасочува
Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани и поради тоа во тој период Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на ул. 11 октомври на потегот од крстосницата со ул. Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци.
„Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир. МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните“ соопшти МВР.