Маж почина во сообраќајна несреќа во Маџари

Маж почина во сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата „Благоја Стефковски“ во Маџари.

„До несреќата дошло помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, скопско“, соопшти МВР.

Возачот на фиатот починал на местото, а смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Треба да знаете
Последни објави