Ужасно невреме ја погоди Грција: Ветер, снег, земјотрес

Ужасно невреме ја погоди Грција: Ветер, снег, земјотрес

Во планинските делови на Грција денеска почна да паѓа снет, а во областа Атина силен ветер корнеше дрвја, додека југот на Грција го погоди земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.

Поради силниот ветер кој ја погоди Грција властите мораа да затворат многу училишта, бројни траекти не сообраќаа, а летовите се одложени.

Ветерот корнел дрвја кои паѓале врз далекуводите во северното предградие на Атина, а пожарните служби велат дека примиле над 350 повици за да ги отстранат остатоците од дрвата. Властите во оштината Сароник, во близина на Атина, на островите Закинтос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени.

На островот Кефалонија училиштата се евакуирани поради шумски пожар кој се разгорел од силниот ветер, пренесе АП. Властите велат дека одлуката е донесена од претпазливост, но и дека итните служби се во приправна состојба зошто се очекува влошување на временските прилики.

Во меѓувреме од Институтот за геодинамика соопштија дека земјотрес со јачина до 5 степени по Рихтерова скаал го погоди југо на Грција. Во земјотресот немало жртви, ниту е причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 245 км југозападно од Атина, во Пилос, соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар.

https://www.facebook.com/1685643591663544/posts/2309622219265675/

А на грчките планини утрово падна и првиот снег – среде септември, кога не му е време. На приморјето се уште  е лето и летувалиштата се и натаму полни.

 

Треба да знаете
Последни објави