Тренерот на Џенова, Давиде Балардини смета дека реакцијата на Пандев по неговата замена на вчерашниот дуел со Киево е знак дека тој се уште сака да се докажува.
– Ја напушти играта лут. Тоа не треба да се гледа како негативен чин. Напротив, јас сум среќен, бидејќи Пандев покажува дека има силна мотивација да му помогне на тимот. Тоа е реакција на голем шампион, изјави Балардини.
Македонскиот репрезентативец го постигна вториот погодок во триумфот над Киево (2:0). Пандев погоди во 54.минута, а две минути подоцна беше заменет.
За 35-годишниот Пандев ова беше втор го од почетокот на сезоната во Серија А.