Исповед: Водев љубов со 14 мажи додека сопругот беше во соседната соба!
Британката Марие Калверт спиела со повеќе од 3000 мажи. Таа, како и незиниот сопруг Бери, го доживуваат сексот како работа одвоена од љубовта. Поради своите страсти кон сексот и менување на партнерите, парот пред 17 години отвориле свингерски клуб кој до денес упсешно работи.
Марие и нејзиниот сопруг Бери, отвориле свингерски клуб во 1997 година во Шефилд зашто „повеќе не сакале да прават нешто што не ги исполнува“. Иако и двајцата стратсвено се заљубени во сексот и свингање, одлуката паднала сама од себе.
Парот се земал кога Марие имала само 19 години, а се до 28 години Бери бил единствениот маж со кого спиела. Но, тогаш сопругот донел часопис за свингери и и предложил да пробаат да најдат некој пар. Иако идејата на почетокот не и се допаднала, сфатиле дека вреди да се проба.
Првата промена на партнерот поминала „забавно и среќно“, вели Марие. Од тогаш, секој слободен момент го користеле за свингање.
– Изненадно, се стана возбудливо. Додека бев на работа ќе се сетев што планирам за таа вечер и ми поминуваа морници, вели 63 годишната Калверт.
Во една вечер имала најмногу 14 партнери, а почнала да брои со колку мажи имала спиено до сега.
– Искрено, незнам. Проценувам дека сум спиела со 100 мажи годишно и тоа веќе три децении, додала Мерие.
– Спиев со 14 мажи на свингерска забава во Манчестер. Се сеќавам, за време на патувањето, бев неконтролирано возбудена. Следниот ден се ме болеше, но на оној убав начин, како по вежбање во теретана, вели Марие и објаснува дека секогаш се чувствува сигурно зашто нејзиниот сопруг секогаш е во собата со неа или во соседната соба.
Во последната година, имала само три партнери и тоа поради повреда на колената.
– Сега одам со бастум и се смирив. Но само малку. Сеуште имам високо либидо, но сега сум поопуштена. Не сум некоја која би се облекла како жена во помлади години за да пливлечам внимание. Но ако мажите сеуште сметаат дека сум привлечна… зашто да не?, завршува Марие.