Почна транспортот на гласачките ливчиња за референдумот
Утринава започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за престојниот референдум за името кој ќе се одржи во недела на 30-ти септември.
Претходно членовите на Државната изборна комисија извршиле проверка на гласачкиот материјал во битолската печатница „Киро Дандаро“, по што веднаш по извршената проверка дистирбуцијата на гласачките ливчиња до ОИК започнува, изјави претходно претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Право на глас имаат 1.806.336 гласачи кои се запишани во Избирачкиот список, кој беше заклучен на 10-ти септември. Референдумот ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во 80 општини во земјава, а гласачките места на 30-ти спетември ќе бидат отворени во 7 часот наутро, па се до 19 часот, кога завршува гласањето.
Болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Р.Македонија кои се во странство ќе гласаат еден ден пред реферндумот, на 29 септември в сабота.
Референдумското прашање на кое граѓните ќе треба да се изјаснат в недела е: „Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Р. Македонија и Р. Грција?“, на што гласачите треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“.