Две лица истепале 13-годишно дете затоа што случајно се удрило во нив кога автобусот закочил. Инцидентот се случил во автобус со број 65, кој сообраќа од Железничка станица до село Стајковцки.
Според информациите од МВР, Д.И.(44) од Скопје вчера околу 22 часот пријавил во полиција дека истиот ден околу 19 часот во автобус на ЈСП број 65 на булевар Никола Карев две непознати лица физички го нападнале неговиот 13-годишен син.
До физичкиот напад дошло кога автобусот закочил и детето се удрило во двете лица кои веднаш почнале вербално да се расправаат со него, а потоа и физички го нападнале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.