Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, најавува голема борба во градското дерби со Реал. „Мадрилење“ дербито на програмата е в сабота, од 20:45 часот, на стадионот на Реал.
„Секогаш сакаме да го победиме Реал. Истото го сакаат и тие. Сакаме да биде офанзивни и да постигнуваме многу голови. Ќе се испоубиеме по теренот“, рекол Коста.
Бразилецот со шпански пасош не е во голгетерска форма, во првите шест кола нема постигнато гол, а во Лигата на шампионите постигна гол против Монако. Сезоната Коста ја започна со два гола во УЕФА Суперкупот, токму против Реал.
„Ми пречи кога сум во голгетерски пост, потребно ми е да постигнам гол. Факт е дека не влегувам во доволно шанси, но тоа не е вина на соиграчите. Едноставно се случува“, изјавил 29-годишниот напаѓач.
По шест кола во Ла Лига, Реал има 13 бода и ја дели првата позиција со Барселона, додека Атлетико е зад нив со два бода помалку.