Наталија и Дмитриј изеле 30 луѓе, фатени се по 20 години кога ја направиле оваа грешка

Наталија и Дмитриј изеле 30 луѓе, фатени се по 20 години кога ја направиле оваа грешка

Истрагата во случајот со Наталија Бакшаева (43), канибалката од Краснодар осомничена дека со сопругот изела 30 лица, заврши и се очекува наскоро да почне судењето за неа, а потоа и за нејзиниот сопргу Дмитриј.

Наталија и Дмитриј низ Краснодар ловеле 20 години, уште од 1999 година, но им се суди за едно убиство кое е докажано и и се заканува затвор од 15 години. За сега ќе и се суди само на Наталија, а Дмитриј Бакшаев (35), викан Ѓавол, се лекува од туберкулоза, па подоцна ќе одговара за своите злосторства.

Во кујната од куќата на оваа двојка полицијата нашла обарени и замрзнати човечки остатоци, како и најмалку една тегла со закиселени човечки остатоци и 19 парчиња кожа. Властите претпоставуваат дека тие и припаѓаат на последната нивна жртва, келнерката Елена Варушева (35).

Канибалската двојка се запознала со Јелена на 7 септември 2017 година, а дружењето го продолжиле вечерта: заедно пиеле во еден зафрлен, пуст парк. Пијани жени се скарале, а налутената Наталија на својот слаб и подводлив сопруг му наредила да ја убие Елена. Дмитриј беспоговор ја послушал, го извадил ножот, кој секогаш го носел со себе во торба и два пати и го зарил во гради. Елена умрела на самото место, а Дмитриј ја искасапил. Некои делови од телото ги зеле со себе, некои ги оставиле.

И тогаш направил фатална грешка: снимил неколку селфи со распарченото тело на Елена. Потоа го избубил мобилниот, кој случајно го нашле работници на градското претпријатие за патишта. Луѓето останале шокирани, и веднаш го однеле мобилниот во полицијата и така канибалската двојка е уапсена.

„Жената доминарала над него целосно“, вели истражителот Вадим Ергаев. „Тој целосно и се потчинил. Бил под нејзина целосна контрола. Би рекол дека на злосторство ја поттикнувало тоа што често мешала таблети со алкохол“.

Исто така, двојката со години одела по психијатриски болници и други установи. Се сомнева дека таму запознавале лабилни жени, кои потоа им станувале лесни жртви.

https://www.youtube.com/watch?v=i0tE0r1I-Q8

 

Треба да знаете
Последни објави