Пијан зад волан: 500 евра казна, 1 година без дозвола и трезнење во полициска станица
Казните за надминување на брзината од 50 километри на час во населено место која за физичките лица изнесува 500 евра во денарска противвредност или 65 негативни поени и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци.
До 10 километри на час над дозволената брзина казната е 20 евра, од 10 до 30 километри 45 евра или 25 негативни бода, од 30 до 50 километри на час поголема брзина од дозволената во населено место казната е 300 евра или 50 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.
За брзо возење надвор од населено место до 30 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 10 евра или 10 негативни бода на возачката книшка, за 30 до 50 километри, глобата е 45 евра или 25 негативни бодови, од 50 до 70 километри на час над дозволеното глобата е 300 евра или 50 бода и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци а за 70 километри на час над дозволеното казната е 500 евра или 65 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци. Правните лица, согласно новиот Закон за сообраќајните прекршоци главно ќе плаќаат глоба од 1.000 евра, а одговорното лице во правниот субјект 30 проценти од утврдената глоба. Што се однесува до алкохолот до 0,5 промили алкохол во крвта глобата е 200 евра или 40 негативни бодови, од 0,51 до 1 промил 250 евра или 40 поени, од 1,01 до 1,50 глоба 300 евра или 50 поени, од 1,51 до 2 промили алкохол во крвта глобата е 350 евра или 55 поени, а над 2 промили 400 евра или 60 казнени поени. За сите овие е предвидена и заштитна мерка забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци.
Законот предвидува лицата да можат да бидат задржани во Полициска станица се до нивно отрезнување, а најмногу до 12 часа. За сигурносниот појас доколку не го користи возачот глоба е предвидено од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода, додека за сопатниците казната е 50 евра. Говорење на мобилен на возачот ќе се казнува со 45 евра или 25 поени. Со овој Закон велосипедистите за должни да имаат на предната страна бело светло и катадиоптер, во спротивно ќе плаќаат глоба од 50 евра.