Драма: Aвион ја промаши пистата и заврши во море
Драма во водите на Пацификот во Микронезија. Авион со 47 патници и членови на екипажот ја надлета пистата и заврши во море.
За среќа нема посериозно повредени во инцидентот, кој се случи на микронезискиот остров Чук.
На објавените видео снимки се гледа како патниците и екипажот се спасуваат од полупотонатиот брод и со чамци се превезуваат кон крајбрежејто.
Несреќата ја пријавиле локални мештани, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал прениско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, пред да слета во вода.
Не се познати причините за несреќата. Авионот полетал од Нова Гвинеја и бил сопственост на авиокомпанијата Ер Ниургини.
Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има околу 100 илјади жители.
https://twitter.com/HurriyatPk/status/1045548271177994241?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1045548271177994241&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Farticles%2F350100%2Fvideo-foto-drama-vo-mikronezija-avion-zavrshi-vo-more-nema-zhrtvi