Два пожари вечерва беснеат во Скопје,во едниот гори фабрика за пластика во Ѓорче Петров
Два големи пожари вечерва горат во Скопје, едниот е во близина на селото Ајватовци, додека другиот е во Ѓорче Петров.
Во селото Ајватовци гори сува трева и лозја, а благодарение на ветерот пожарот се шири со голема брзина.
Во моментов се презема се за да не се прошири пожарот околу индустриската зона Бунарџик и селото.
Во исто време гори и фабрика за пластични маси и дрвен мебел во Ѓорче Петров каде пожарот е ставен под контрола.