ОЈО нареди обдукција на двете починати лица, 25 курпуми испукани од калашников

ОЈО нареди обдукција на двете починати лица, 25 курпуми испукани од калашников

По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова” во Скопје.

Таму доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено.

Трите лица се превезувале со возило Сеат алтеа кога врз нив бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото. Возачот на автомобилот Сеат, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.

По наредба на јавен обвинител, телата на двете починати лица се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Возилото во кое се превезувале е подигнато за вештачење.

На лице место биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од повреденото лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

Треба да знаете
Последни објави