Познат идентитетот на убиениот и повредените на „Рузвелтова“, 44 годишниот Наим Ајети

Познат идентитетот на убиениот и повредените на „Рузвелтова“, 44 годишниот Наим Ајети

На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63, во близина на СЈО пукано е во патничко моторно возило „Сеат Алтеа“, во кое  биле лицата Наим Аjети (1974) со живеалиште на  ул.„Методија Андонов Ченто“, кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на Брза помош се пренесени во Ургентен центар ,, Мајка Тереза“,јави Алсат М.

Во полноќната престрелка се ранети уште две лица, а напаѓачите со голема брзина го напуштиле местото на престрелката.

Вооружената престрелка се случила половина час по полноќ, кога на ова месгто сѐ уште имало голема фреквенција на луѓе.

На инцидентот му претходела бркотница со автомобилите низ скопските улици.

Извор: Алсат

Треба да знаете
Последни објави