Се подготвуваат едноставно и брзо, а се многу вкусни.
СОСТОЈКИ:
5-6 компири
150 грама мелено, претходно испржено месо
1 главица кромид
2 јајца
брашно – една лажица
малку магдонос
сол
бибер
зачини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте го компирот и исцедете ја водата. Додајте јајца, сол, бибер, брашно и измешајте.
Меленото, претходно малку испржено месо, измешајте го со ситно сечканиот кромид, бибер, сол и останатите зачини.
Од направената маса компир формирајте тенки плескавици.
Ставете месо на формите од компир и поклопете ги со друга половина од смесата и пржете ги на врело масло од двете страни.
Исто така многу е вкусно ако плескавиците ги прелиете со павлака, а наместо месо може да ставите и салама.