Иванов: Референдумот не успеа, време е за одговорност
Иванов: Референдумот не успеа, време е за одговорност
Пораката од народот е испраатена до оние кои мора да ја слушнат. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја потценувајте волјата на народот, рече во своето денешно обраќање Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија кој повика на одговорност за иницијаторите на референдумското прашање.
„Не е исполнет законскиот цензуз. Колку и да ја извртувате не можете да ја промените реалноста. Време е за одговороност пред македонскиот народ. Поддршката за ЕУ и НАТО е колатерална штета. Од над 80 отсто поддршка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, ја сведовте на само 36 отсто. Држава не се води со слободно и неовластено толкување на Уставот и законите. ОБСЕ сериозно треба да ги земе предвод нерегуларностите. На оние кои непринципиелно заземаат страна треба да се повикуваат да ги почитуваат меѓународните конвенции“, рече Иванов.
Македонскиот претседател повика да се почитува волјата на народот кој вчера јасно ја покажа својата суверена волја.
„Јас верувам во историјата и амбицијата на македонскиот народ. Им честитам на македонскиот народ, на Албанците, на Турците, на Ромите… на сите граѓани. Само цврсто сплотени околу државните интереси може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека сме за таму, но достоинствени, без уцени и со исполенти стандарди. Да го изградиме националниот конзензус во оставрување на нашите стратешки интереси. Народот секогаш носел мудра одлука. Наше е да ја почитуваме таа одлука. Владеачкото мнозинство треба да понесе одговорност за неуспешноста на референдумот. Големина на човекот е да го признае поразот. Македонија остана непоразена“, рече Иванов.