Инцидент се случил во четвртокот во нотарска канцеларија во Скопје, кога две лица помеѓу кои имало нерасчистени односи случајно се сретнале. По средбата, помеѓу нив почнала вербална расправија, а ситуацијата во еден момент ескалирала кога тие посегнале по пиштоли.
Од канцеларијата на нотарот, поради опасноста од вооружена пресметка, било повикано обезбедување кои ги затекнале лицата како се уште се расправаат, а потоа случајот бил и пријавен во полиција.
Според неофицијални информации, недоразбирањето помеѓу лицата било поради кражба на џип, а едниот он нив бил споственик на плац за возила.