Пред неколку дена и официјално беше обелоденето дека Силвио Берлускони е нов сопственик на Монца, клубот што се натпреварува во третата италијанска лига, Серија Ц.
Иако првичните најави беа дека тој само сака да стори нешто за заедницата каде што живее (на северот од Милано), сепак медиумите шпекулираат дека контроверзниот поранешен премиер на Италија има големи планови со овој клуб, а тоа се огледува низ неговите трансфер цели.
Наводно поранешниот играч на Милан и бразилски репрезнтативец, Кака е една од трансфер желбите на Берлускони.
Бразилецот кој е на 36-годишна возраст во декември одлучи да стави крај на својата фудбалска кариера, но според сториите од Апенините, човекот кој го втурна во фудбалските величини би можел да го убеди да дојде во Монца.