Кривична пријава за екс-градоначалникот на Старо Нагоричане

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Старо Нагоричане

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(58) од село Никуљане поранешен градоначалник на општина Старо Нагоричане, М.С.(58) од село Старо Нагоричане, поранешен градоначалник на општина Старо Нагоричане и Г.Д.(40) од Куманово, раководител на Одделение за општи и правни работи во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. В

о текот на 2012 година и 2013 година, првопријавениот ја злоупотребил својата службена положба на тој начин што, откако со одлука донесена од страна на Советот на општина Старо Нагоричане, формирал Територијална противпожарна единица на општина Старо Нагоричане, изготвил правилник за систематизација на работни места, систематизирал работни места и распишал јавен оглас за вработување на неопределено работно време на еден извршител – пожарникар-возач, по што спротивно на одредбите од Законот за пожарникарство, вработил лице на работно место пожарникар-возач кое имало завршено основно образование, иако работното место било утврдено со средно образование.

Во периодот од 2014 година до 2015 година, второпријавениот, ја злоупотребил својата службена положба на тој начин што го изменил веќе постоечкиот правилник за систематизација на работните места во Општина Старо Нагоричане и го проширил бројот на извршители  и систематизирал нови работни места во Територијална противпожарна единица пожарникар-возач (два извршители) и пожарникар (седум извршители), пропуштајќи за одредени работни места  да внесе “да има положено возачки испит од “Ц“ категорија“ што е спротивно на член 11 став 2 точка 3.

По ова, најпрво распишал јавен оглас за вработување на неопределено работно време на девет извршители на работните места, а потоа распишал уште еден јавен оглас за вработување на еден извршител (пожарникар) и по двата распишани јавни огласи вработил: командир на Територијална противпожарна единица  пожарникари и  пожарникар- возач. Третопријавениот иако знаел дека така изготвените правилници се со содржина спротивна на Законот за пожарникарство, до Агенцијата за администрација на РМ, испратил барања за писмена согласност како и барања за објавување на јавниот оглас до редакции на два дневни весници, решенија за потреба од засновање на работен однос на неопределено време, решенија за избор на најуспешен кандидат и решенија за склучување на договор за вработување на неопределено време, со што постапил спротивно на неговите пропишани работни должности и неговите овластувања.

Со наведените дејствија прво, второ и третопријавениот им овозможиле на седум лица од општина Старо Нагоричане, да се вработат во Територијална противпожарна единица општина Старо Нагоричане и да се стекнат со противправна имотна корист од 5.233.117,00 денари со што го оштетиле Буџетот на Општина Старо Нагоричане.

Треба да знаете
Последни објави