Една нова студија покажа дека намалувањето на времето поминато пред екранот на два часа на ден го помага развојот на мозокот кај децата.
Студијата беше направена на примерок од 4 500 деца на возраст од 8 до 11 години, споредувајќи ги нивните распореди, вежби и времето поминато пред екранот според националните упатства за здравјето на децата. Беше откриено дека децата на таа возраст не треба да поминуваат повеќе од два часа дневно пред екран и дека им треба помеѓу девет и единаесет часа спиење, како и најмалку еден час физичка активност.
Од 4 500 деца, само 5 отсто се придржуваат кон тоа.
Студијата покажа дека 51 отсто од децата доволно спијат, 37 отсто не поминуваат повеќе од два часа пред екран, а 18 отсто се придржуваат кон пропишаните физички активности.
Истражувачите откриле дека децата кои се придржуваат кон овие упатства покажуваат подобри когнитивни способности, кои вклучуваат меморија, внимание и учење јазик.