Столтенберг итно повика на конструктивност и одговорност од партиите
Генералниот секретар на НАТО повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.
– Го поздравувам гласот “за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика, напиша Столтенберг на твитер.