Фенг шуи советите се однесуваат на тоа како да направите енергетски складен простор во вашиот дом или канцеларија, во кој ќе се чувствувате пријатно и ќе привлекувате позитивна енергија.
Иако не е задолжително да навлегуваме подлабоко во филозофијата на ваквиот начин на живеење и да веруваме дека различно поставените предмети носат различна енергија, сепак и самите ќе признаеме дека постојат одредени работи кои навистина носат негативна енергија.
Ова се некои од нив.
Свенато цвеќе
Билките претставуваат раст и развој, а пријатно е да се види убав букет цвеќе во секој дом. Но, свежото цвеќе не трае долго и треба да се замени со ново. Понекогаш не го забележуваме тоа, а понекогаш и со намера го чуваме свенатото цвеќе бидејќи не потсетува на некоја личност или посебен момент.
Треба да знаете дека свенатото цвеќе носи стагнација и негативно расположение во вашиот дом. Затоа, фрлете го за да се ослободите од блокадата на енергиите и стагнација на вашиот напредок.
Искршени или напукнати предмети
Можеби имате шолја или некој друг предмет кој ви е премногу драг, но кој се скршил со текот на времето. Или пак носите некоја стара облека која ви значи, а која е искината. Треба да знаете дека чувањето на напукнатите или искинати предмети носи енергија дека секое ваше постигнување е половично. Ако ви изгледа како постојано да префрлувате од „шупливо во празно“, ако постојано нешто започнувате, а не можете да го довршите, фрлете ги овие предмети колку и да ви се драги.
Часовник кој не работи и стари календари
Часовниците се навистина практични бидејќи го покажуваат времето, а некои од нив се особено убави и естетски одговараат во нашиот дом. Но, застанатиот часовник носи лоша енергија во домот. Тој привлекува лоши настани во иднина. Истото се однесува и за старите календари, тие ја заробуваат енергијата и го спречуваат средувањето на животот и живеењето во сегашниот момент.
Несакани подароци
Секој го има тоа искуство – да добиеме подарок од некој кој не сме го сакале или пак подарок од личност која некогаш ни била драга, но со тек на времето веќе не ни е. Често, забораваме да ги фрлиме тие работи или пак сметаме дека не треба од почит. Сепак, тоа е погрешно. Чувањето на ваквите предмети носи вознемирувачка енергија, го пореметува мирот и среќата и предизвикува чувство на вина и незадоволство.