Синоќа, во несреќен случај во атарот на село Сушица, на место викано Обре, општина Ново Село, загина 37-годишниот К.М. Информацијата ја потврдија од СВР Струмица.
Управувајќи трактор загинатиот според првичните сознанија излетал од патот, по што паднал во бездна, а несреќниот тракторист завршил под тракторот.
Од здобиените повреди починал на местото на несреќата, а во извлекувањето на починатиот К.М. учествуваа и пожарникари.
Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.