Секој втор смртен случај во Македонија е поради срцев или мозочен удар. Статистиката на покажува дека од околу 19.000 починати лица лица годишно дури кај 53 проценти причина се кардиоваскуларните заболувања.
-Кардиоваскуларните болести се убиец број еден во светот, а и Македонија и другите земји во развој го следат тој тренд, изјави д-р Игор Спироски, експерт по јавно здравство.
Според лекарите лошиот начин на исхрана со мгогу сол, дебелината и физичката неактивност се најчестите ризик фактори за болести на срцето. Експертите по јавно здравство се категорични дека државата треба да создаде услови луѓето да водат здрав живот, па потоа да се бара да живеат здраво.
-Како држава треба да се направи промена на околината во која живееме за да може луѓето да живеат поздраво, да се обезбеди поорганизиран превоз, повеќе места за физичка активност итн. додаде д-р Спироски.
Доколку и во светот не се подобри превенцијата, експертите прогнозираат дека до 2030 година годишно над 23 милиони луѓе прерано ќе умираат од кардиоваскуларни заболувања.