Вака изгледа играта „Фрлање дете од прозор“ која се игра во скопските училишта
Вчера МВР објави информација дека во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, четворица ученици фрлиле своја соученичка од прозорот на училнцата која била на приземје.
На Фејсбук стрната „Види вака“ беше објавено видео на кое се гледа како изгледа оваа игра, која станува популарна меѓу основците. Веста за ваквата игра која за децата изгледа смешна, а може да биде опасна, предизвика бура реакции на социјалните мрежи.
„Вака изгледа „играта“ на фрлање деца низ прозорец во училиште во скопски Аеродром. Според коментари на социјалните мрежи, слични „игри“ има во повеќе други училишта“ стои во описот на видеото објавено на „Види вака“.