Нека есента влезе во вашиот дом на вистински начин, со фино мирисно есенско овошје.
СОСТОЈКИ:
300-400 гр брашно
1 коцка квасец
1 лажичка шеќер
1 јајце
малку сол
2 лажици масло
200 мл млеко
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
3 јаболка
шеќер по желба
малку цимет
50 гр мелени ореви
1 ванилин шеќер
шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Замесете го тестото па оставете малку да одмори, а потоа развлечете во леб и сечете триаголници. Секој триаголник уште малку засечете го на средина.
Јаболката изрендајте ги, додајте ореви, цимет и шеќер и со тоа полнете ги триаголниците. Свиткајте во кифли како што е прикажано во видеото.
Оставете да нараснат па печете на 200 степени околу 20-30 минути.
Посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.