Која е жената која го обвини Роналдо за силување и зошто молчеше досега?

Кристијано Роналдо е обвинет дека во јуни 2009 година во хотелски апартман ја силував Кетрин Мајорга, тогаш 25-годишна девојка со која се запознале на ноќно излегување.

Мајорга тврди дека силувањето го пријавила веќе следниот ден во полицијата, а неколку недели подоцна Роналдо и платил 375 илјади долари за молк. Сега случајот повторно е отворен.

Целиот свет се прашува која е Кетрин Мајорга и зошто таа молчеше досега.

Мајорга, како што пишуваат светските медиуми, е една година постара од славниот фудбалер и во периодот кога се запознале била хостеса во клуб. Нејзината работа била да глуми дека пие алкохол пред клубот со пријателките и да се забавува.

Мајорга како помлада се занимаваше со моделирање, многу патуваше и сакаше да се забавува. Во средно училиште играла фудбал. Имала проблем со учењето бидејќи страда од ADD (пореметување проследено со недостаток на внимание), што е и причина зошто зборува многу брзо. Без разлика на болеста, таа заврши студии по новинарство, а до неодамна работеше како професорка.

Кетрин за новинарите рече дека често ја дискредитирале поради работата хостеса која ја работела во периодот кога се запозна со Роналдо.

„Поради таа работа се обидоа да ме дискредитираат, како да сум проститутка, а не хостеса. Јас не пијам, а таа вечер буквално се напив една голтка шампањ“, рече Кетѕрин.

Девојката наводно досега молчела бидејќи така се одвивале настаните. Нејзиниот адвокат, која ја застапуваше во 2009 година, и рекол дека е најдобро да се договорат надвор од судот, што на крај и се случи.

Сега веројатно и на неа влијаеше  движењето, во кое многу познати дами признаа дека се силувани или дека доживеале некаков вид на сексуално насилство.

Мајорга сега има искусен тим на адвокати и сака да го казни Роналдо, а нејзините родители целосно ја поддржуваат во тоа.

Треба да знаете
Последни објави