Во најновиот билтен на МВР е објавено дека полицијата трага по три лица, пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден.
Вчера во 12:50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово Н.Т. (47) од село Камењане–тетовско, пријавил дека од октомври 2015 година во непознат правец се оддалечил неговиот внук В.Р. (23) од село Долно Палчиште – тетовско.
Во текот на вчерашниот ден, околу 14 часот во Полициска станица М.А. (62) од Скопје пријавил дека на 26 септември од домот во непознат правец се оддалечила Б.Г. (57).
Синоќа во 22 часот во Полициската станица Прилеп, Т.В. (72) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот од домот во непознат првец се оддалечил нејзиниот син З.Т. (45).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.