Полскиот репрезентативец, Аркадиуш Милик, нема по добро да го памети синоќешниот триумф на Наполи против Ливерпул 1:0, во Лигата на шампионите. По натпреварот Милик останал без својот часовник.
Милик, по натпреварот, останал на малата прослава, во клупските простории на стадионот „Сан Паоло“. Кон својот дом се упатил околу два часа по полноќ, кога непознати напаѓачи со мотоцикл му го попречиле патот, побарале да го отвори прозорецот, а потоа му впериле пиштол во главата.
Откако му го одзеле часовникот кој чини околу 20.000 евра, напаѓачите избегале.