Повеќе лица се степале синоќа околу 01,15 часот пред сендвичара на булеварот „Борис Трајковски“.
Од полицијата информираат дека бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата З.Т.(18) с.Таренци-штипско, Ј.М.(20) и Ф.В.(18) двајцата од Скопје, од една страна и лицата Т.С.(26) и М.С.(20) од Скопје, од друга страна.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот