Триаголници со крем банани

Вкусен чоколаден десерт со крем банани кој ќе ги израдува сите генерации. 

 

СОСТОЈКИ:

неколку крем банани

300 гр мелени бисквити или плазма

50 гр маргарин

1 чоколадо за готвење

1 лажица какао

100 мл вода

250 гр шеќер

ПОДГОТОВКА:

Mелените бисквити, маргаринот и шербетот(водата и шеќерот ги мешаме на оган да се згуснат) ги ставаме во сад, а откако ќе се соединат ставаме во калап со форма на триаголник.

На средината ставаме од бананите кои претходно сме ги исекле на ситни парчиња.

Откако ќе се стврдне во фрижидер, над ролатот ставаме чоколадо за готвење кое сме го растопиле заедно со какаото.

Треба да знаете
Последни објави