Забите играат клучна улога во преработка на храната која ја јадеме и грижата за нив е од суштинско значење. Следните совети ќе ви помогнат да го заштитите здравјето на забите и да ја задржите нивната блескаво бела боја.
Нашите заби се неопходни за џвакање на храната. Меѓутоа, тие не се неуништливи и потребна е постојана грижа и нивно редовно одржување.
Она што го јадеме и пиеме има големо влијание на здравјето на нашите заби, а слатките и газираните пијалаци придонесуваат за пропаѓање на забите. Цврстата храна подолго се задржува во устата отколку течната, па поради тоа има повеќе потенција за создавање на здравствени проблеми.
Ограничете го јадењето на слатки
Слатките веќе долго време се поврзуваат со оштетување на забите, па поради тоа е многу важно умерено да се ужива во нив, но не само со слатките, бисквитите и колачите, туку и со сите други пијалаци како што се газираните и енергетските напитоци. Запаметете дека обработената, пакуваната храна, како и зачините, како што се салати од продавница или сос од домати, за големо изненадување содржат многу шеќери.
Избегнувајте леплива и кисела храна
Храната која е леплива може долго да остане во забите при што може да предизвика нивно оштетување. Храната како мед, суво овошје или грозје може да остане на површината на забите, со што се зголемува и опасноста за навлегување на бактерии во усната празнина.
Киселата храна исто така го забрзува процесот на пропаѓање на забите. Киселите пијалаци и алкохолот, кафето, чипсот, но и доматот можат да доведат до оштетување на забите.
Здравата исхрана е предуслов за зачувување на оралното здравје
Здравата храна е од витално значење за севкупното здравје на телото, вклучувајќи го и оралното здравје. Вклучете храна како овошје и зеленчук, интегрални житарици и природни извори на протеини како што се риба или пилешко. Ова ќе ви обезбеди широк спектар на хранливи материи за оптимално орално здравје.
Калциумот е исклучително важен за здрави заби
Оптималното ниво на калциум во вашата исхрана, кое може да се постигне со земање на млечни производи како јајца или пак зелен зеленчук, исто така е пресудно за здравјето на забите, бидејќи калциумот помага во зајакнување на коските и забите.
Недостатокот на калциум може да предизвика остеопороза, што е штетно не само за коските, туку може да се предизвикаат и проблеми со вашите заби.
Ограничете го внесувањето на нездрава храна и пијалаци
Кој било облик на обоена храна или пијалаци, како што се кафе, чај, вино и богати сосови можат да ја променат белата боја на вашите заби кога ги консумирате во големи количини. Чистете ги забите, пијте вода и мијте ја устата штом ќе завршите со јадење.