Најново спроведено истражување покажа дека исхраната со сланина и шунка и други видови преработено конзервирано месо може да предизвика рак на дојка.
Преработеното месо го зголемува ризикот за заболување од рак на дојка за 9%.
Иако претходни истражувања покажуваа поврзаност меѓу појавата на рак и конзумирањето на преработено месо, научниците сега проучуваа 20 различни резултати на истражувања и дојдоа до ваков заклучок.
Докторка која го водеше ова истражување изјави дека ризикот е сепак многу мал и дека нема простор за паника, но дека не треба да се претерува со овие производи.
„Единствено што треба да направите е да го намалите количеството на црвено и преработено месо во искраната“, препорачува таа.