Брачно упатство од црквата: „Секс со мажот и кога не сакате!”
Во катедралата “Света Терезија Авилска” во Хрватска, се појавиа летоци како реклама на кои има неколку совети за тоа како брачните другари да си го зачуваат бракот.
– “Жената искажува почит придржувајќи се до шест правила. Така му покажува на мажот колку го сака и почитува”, стои во летоците.
Од сите начела и правила, во центарот на вниманието се најде оној дека жените не смеат да кажат не за сексот.
– “Да ја почитува неговата желба за секс и кога не е расположена”, стои на крајот на летоците.
За оние на кои летоците не им нудат одговори на прашањата што ги мачат, постои и книга “Со овие прашања дознајте како жена го спасила бракот со маж кој ја изневерил”, пренесе порталот