Тепачка помеѓу соседи во Прилеп
На 05.10.2018 година во 16,20 часот во Прилеп, С.Т. пријавил дека на улица „Савка Манеска“, пред сопствената куќа бил физички нападнат од страна на неговиот сосед К.К.(58), со удари со метална патерица.
По физичкиот напад, според пријавеното, К.К. се упатил кон домот на оштетениот, ја скршил влезната врата и го нападнал и С.Х. Сторителот е приведен во Полициска станица Прилеп, по наредба на Јавен обвинител од истиот е одземена ловна пушка и патрони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.