Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Делчево – Македонска Каменица

Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот Делчево – Македонска Каменица

На 05.10.2018 година во 17.40 часот на место викано „Баткова чешма“ атар на село Драмче, делчевско на магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес Спринтер“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(33) од Делчево, и патничко моторно возило „Ауди А4“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.К.К.(21) од Р.Бугарија.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатникот во возилото “Ауди” В.П.Г.(22) од Р.Бугарија, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави