Пронајдена дрога во тетрапак сок во тетовскиот затвор

Пронајдена дрога во тетрапак сок во тетовскиот затвор

Жителка на Мала Речица му носела хероин, скриен во кутија со сок, на нејзиниот син кој е во притвор во затворот во Тетово.

Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот од страна на вработени во затворот во Тетово, при преглед на храна и пијалоци доставена од И.С.(61) од село Мала Речица, Тетовско, кои ги донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор, во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин.

По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави