Овните се збунети, Биковите се уште мислат на старата љубов, Раковите добиваат понуда за нова работа, Лавовите ги следи среќа, од Вагите се очекува да ги сменат навиките, Шкорпиите ги избегнуваат колегите.
Прочитајте го дневниот хороскоп за 08 октомври.
Овен
Не влегувајте во ризични работи или поголеми вложувања бидејќи можете да си направите голема штета.
Збунети сте и не знаете како да ги протолкувате сигналите кои ви ги праќа саканата личност.Се чувствувате немоќни да промените нешто.
Забите ви се чувствителни.
Бик
Можете лесно да направите грешка па би било добро да поработите на својата концентрација и да не дозволите мислите да ви летаат толку.
Можно е да ја немате преболено старата љубов.
Денес ќе ви годи одмор.
Близнаци
Внимавајте какви одлуки носите и што потпишувате денес. Би можеле да си направите големи проблеми.
Намалете ја нервозата во комуникацијата со саканата личност. Ќе дојде крај на врската, ако продолжите вака.
Потребно е да вежбате повеќе.
Рак
Можно е денес да добиете понуда за нова работа. Доаѓаат позитивни промени во вашиот живот.
Пред вас е интересен период на полето на љубовта. Можно е денес да се јави можност за некоја паралелна врска.
Ви годи одмор и рекреација.
Лав
Можете да очекувате помош околу работата која ви е важна. Денеска ќе ве следи среќа.
Ви се допаѓа личност која е срамежлива и не знаете како да се поставите. Бидете трпеливи.
Не земајте лекови на своја рака.
Девица
Можете да очекувате успех кога станува збор за почнување нови проекти. Денот е поволен.
Ви се враќа личност од минатото. Доаѓаат моменти кога треба да ги расчистите работите.
Потребен ви е внатрешен мир.
Вага
Пробувате да направите промени на полето на работата, бидејќи ве мачи рутината.
Ако сакате да ја задржите саканата личност до себе, потребно е да ги смените навиките.
Омалаксаност и вртоглавица.
Шкорпија
Можно е да ги избегнувате своите колеги. Но, тоа ве одалечува од важните и точни информации на полето на работата.
Делувате студено во комуникацијата со саканата личност. Едноставно немате волја за љубов.
Можни се проблеми со црниот дроб.
Стрелец
Искористете ја шансата која се јавува. Можно е да поминете подобро одошто се надевате.
Обрнете внимание на љубомората која ви го нарушува односот со саканата личност.
Здравјето е добро.
Јарец
Оптоварени сте со проблеми и мислите дека целиот свет е против вас. Ќе помине и овој лош ден.
Можно е да имате нова можност за флерт и врска, но треба да преземете иницијатива.
Можни се проблеми со штитната жлезда.
Водолија
Сакате да постигнете успех на полето на работата. Подготвени сте да се потрудите посилно.
Добро би било на личност да и покажете искрено колку ја сакате. Тоа ќе ве зближи повеќе.
Проблеми поради стресот.
Риби
Бидете трпеливи и дајте им време на работите. Ве очекува напредок на полето на работата.
Немате доверба во партнерот. Можен е крај на врската.
Можни се проблеми со уринарните патишта.