Скопјанец не сакал да го отвори багажот од автомобилот, па полицаецот почнал да пука
Скопјанец на местото викано „Рамно“ би сопрен од сообраќајна полиција му рекле да го отвори багажот и откако тој не го сторил тоа,службеникот почнал да пука. Како што информираат од полицијата, На 07.10.2018 година во 21,00 часот во Полициска станица Чаир, Џ.А.(44) од село Танушевци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 19,50 часот движејќи се со патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки на место викано „Рамно“, бил сопрен од двајца полициски службеници кои му рекле да го отвори багажникот. Откако пријавителот не го сторил тоа, според пријавата, еден полициски службеник испукал еден истрел со пиштолот во воздух.
Се работи на расчистување на случајот, а известен е и Одделот за внатрешна контрола при МВР..