Сопругата му заминала на работа во Словачка, a потоа ѝ се губи секаква трага
Скопјанец јa пријавил сопругата за исчезната откако таа пред два месеци заминала на привремена работа во Словачка, а веќе една недела не можел да стапи со неа во контакт.
Според полиција, Р.Т.(46) кажал дека неговата сопруга А.Т.(33) на 27 јули годинава заминала во Словачка на привремена работа по претходен договор со лице преку социјалните мрежи.
Сопругот последен пат телефонски се чул со сопругата на први октомври и од тој ден повеќе не можел да стапи во контакт со неа бидејќи телефонскиот број преку кој контактирале, не бил во функција.