Колку повеќе пешачиме, толку повеќе калории трошиме. Притоа, оваа физичка активност доведува до зголемување на мускулната маса, а мускулното ткиво троши 25 пати повеќе калории од масното.
Најдобра и наједноставна реакција која придонесува за намалување на килограмите е брзото одење.
Причината лежи во тоа што оваа умерена физичка активност не го исцрпува организмот, па може да се пешачи и подолго од половина час.
Важно е да се знае дека за слабеењето не е значаен напорниот тренинг, туку неговата редовност и траење.
Покрај брзо одење, од големо значење за што повидливи резултати од слабеењето можат да бидат ефикасни и вежбите за намалување на обемот на бутот.
Предложениот сет на вежби можете да го применувате после шетање.
Трчање во место
Трчајте во место така што ќе почнете со полесно темпо, а потоа ќе забрзувате. Додека трчате обидете се да ги подигате колената што повеќе. Трчајте цела минута.
Шут наназад
Наизменично шутирајте замислена топка, но не кон напред туку зад себе. И оваа вежбате правете ја една минута.
Исчекор
Наизменично правете исчекор со десната, па со левата нога и спуштате се на подлога, така што ќе направите агол од 90 степени. И оваа вежба правете ја една минута.