Гласот на пратениците ќе ја определи иднината на Македонија. Вистинската опција е парламентот, а не предвремените избори, порача денеска премиерот Зоран Заев во врска со уставните измени кои што ги предложи Владата, а кои треба да влезат во собраниска процедура.
Според Заев, не треба да се изгубат месеци во нови избори, не треба да се изгуби ниту еден ден за државата. ,,Да бидеме максимално фокусирани преку парламентот. Јавноста е заморена од избори, кои лошо влијаат и на економијата”, рече тој.
Во однос на тоа али ќе ја добијат и поддршката од опозициските пратеници, тој рече дека само во моментот на одлучување и на дебата во Собранието ќе може да се види дали постои поддршка.
,,Не може да се каже дали е обезбедено двотретинско сега, тоа ќе се види низ дебатите во Собрание. Јас разговарав лично со пратениците и видовме дека има прогресивна маса која е доволно сериозен мотив. Овие денови парламентот се надевам ќе има дебата. Морам да ги отстранам шекулациите за пари и незгодни состојби, ова мора да е благопријатна состојба. Секој пратеник е еднакво важен”, рече Заев.
Во однос на објавите дека се обезбедени 80 пратеници, премиерот вели дека процесот не е математика и бројки, туку ќе се посттигне преку разговор и мотивација за одговорност.
,,Сакам уште денес да има седница, ама никој не ме прашува ,тоа зависи пред се од претседателот на Собранието. Ако успее супер, ако не – нека ми каже некој што понатаму. Остануваат предвремни избори за обезбедување двотретинско мнозинство. Но, да се фокусираме на парламентот. На избори се знае кој ќе победи, но ќе изгубиме време, два три месеци, јавноста е заморена од избори”, порача Заев.