Три лица се повредени во Куманово, кога автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крај удрил во пешак. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 7 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“.
Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано возило „sеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.