Нова сообраќајка во Србија, загинаа четири лица
Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во судир на два камиона и две патнички возила на излезот на Свилајнац кон Деспотовац, вечерва околу 19 часот.
Повредените се хоспитализирани во болница во Ќуприја.
На местото на несреќата присутни се припадници на сообраќајната полиција и пожарникари. Сообраќајот е целосно во прекин. Истрагата е во тек.